Wordfast home
email   password     Lost password?

Интегрирањето на Wordfast во работата со други орудија за преведување

Три факти:

  • Wordfast е компатибилен со сите преведувачки орудија (Trados, IBM Translation Manager, SDLX, DjVu, Transit, или преку форматот TMX, или директно, на ниво на програмскиот формат).

  • Wordfast е компатибилен со фајли што се подготвени (тагирани) за преведување со стандардните алатки, на пр. комплетот на филтери на Trados (Stagger) или RWS (Rainbow).

  • Wordfast е компатибилен, на ниво на преведени (сегментирани, билингвални) документи со Trados: фајл преведен со Wordfast може да се расчисти со Trados и обратно.

Еден практичен пример: Стандардно преведувате со Trados - може да се употреби следниот начин на работа:

  • Фајловите се подготвени/тагирани во агенцијата, со помош на Вашите постоечки орудија и филтри.
    Само една машина работи на задачата
  • Фајловите се преведуваат со Wordfast.
    Сите потребни преведувачи се опремени со Wordfast
  • Преведените фајлови потоа се расчистуваат/растагираат во агенцијата.
    Само една машина работи на задачата

Накратко, тоа значи моментално ангажирање, најкратко можно време за учење и драстично намалување на трошоците, со истовремено користење на погодностите на Вордфастовите функции за надмоќно ракување со терминологијата и за проверка на квалитетот за време на преведувањето:

  • Пре-искористување на клиентовата терминологија благодарение на најлесниот за користење формат на глосари на светот (целосно, директно компатибилен со Ms-Word/Excel/Access, обичен текст и речиси сите терминолошки формати што обично се користат);
  • Информативно препознавање на терминологијата со користење на глосари со неограничена големина (преведувачот се известува кај секој сегмент за термините што се присутни во глосарот на агенцијата и/или на клиентот, со моментален пристап кон нивниот превод, без напуштање на Ms-Word);
  • Надзорна контрола на терминологијата: преведувачот добива предупредување кога нема да ја употреби бараната терминологијата и потсетување да ја поправи истата за време на процесот на преведување, со што се избегнува губење на времето по преведувањето, послаб квалитет итн.
  • Проверката на квалитетот по преведувањето (на пр. во агенцијата) може да се врши врз повеќе фајлови во пакетен начин на работа и така да се најдат терминолошките или типографските грешки, а се добива и целосен извештај.

Слободно контактирајте со нас ако имате какво и да е прашање во врска со ангажирањето на Wordfast.


Ms-Office, Word, Excel и PowerPoint се регистрирани заштитени марки на Microsoft corp.
Translator's Workbench е регистрирана заштитена марка на Trados corp..
Сите други заштитени марки им припаѓаат на сопствениците.

albanian | arabic | armenian | basque | bulgarian | catalan | chinese (simpl) | chinese (trad) | croatian | czech | danish | dutch | english | estonian | german | finnish | french | greek | hebrew | hindi | hungarian | indonesian | italian | japanese | korean | latvian | macedonian | norwegian | polish | portuguese | romanian | russian | serbian | slovak | slovenian | spanish | swedish | thai | tagalog | turkish | ukrainian | vietnamese | my language | (c) 2017, Yves Champollion
Yves Champollion translation localization consultant consulting. en français